17
Mar 10

10 совети за добро резиме (CV)

1. Нека биде кратко и јасно

Пред да започнете, изберете ја вистинската структура за вашето CV. Најважните информации, како што се вашите основни вештини и неодамнешното искуство, треба да биде во близина на врвот, каде што ќе бидат веднаш видливи. Деловите  во кои обично мора да го вклучите вашиот профил се, успеси, искуства, специјални вештини (јазици / компјутери), образованието, обуката, и (ако сакате) интереси. Вашето CV вообичаено треба да се содржи од  две страни во должина (освен ако немате  многу долга кариера или вработувачот или агентот  прашува за подолга биографија). Ако не сте оставиле впечаток на  агентот на интерес  до втора страна тогаш тој  веројатно нема ниту да ги прочита следните дополнителни страници.

2. Направете го да изгледа добро

Ведра, привлечна презентација е исто така важна , ако вашето CV сакате да се истакнува. Осигурајте се тоа да има добар распоред, со леснотија да се доаѓа до клучните поенти на самото место.  Одржувајте ги речениците  релативно кратки. Изобилство на “бел простор ‘околу границите и меѓу  секој дел го задржува документот полесно на око.

3. Најновите податоци се први

Направете листа по датуми на вашите претходни вработувања, започнувајќи со најновите. Избегнувајте да оставате празнини, така да ако сте имале слободно  време од некоја причина, ова може да се спомене. Не одете во детали за позициите на кои што сте биле последните 10 години. Вклучување на  детали за одмор или привремена работа која што сте ја имеле може само доколку тоа е погодно, одговара  на работа која што ја барате.

4. Вклучувајте  многу факти

Наведете ги сите ваши работни задолженија,  под секоја позиција. Наведете ги вашите достигнувања, одговорностите и резултати. Зборувајте  за резултати – каква разлика  донело вашето присуство ? Користете броеви за достигнувања секогаш кога е можно, на пример, “Зголеми продажбата за 20% во првата година”. Секогаш пишувајте  на формален начин и никогаш не го користете зборот “јас” – на пример “Надгледуван од тимот” наместо “Јас бев под надзор од тимот”. Употреба на минатото време за претходните работни места и на сегашното време за тековната работа.

5. Не правете премногу листи

Вклучете некои  специфични вештини, како на пример јазик, административни или компјутерски вештини, во посебен оддел во вашето CV. Не ги повторувајте  нив за секоја работа кај што сте ги користеле. Ова е особено за ИТ работата – листи на алатки и пакети  го прават CV-то досадно за читање и нема да дозволи да се истакнете од луѓео со истите способности.

6. Внесете живот во текстот

Запомнете, работодавецот сака да има претстава за тоа каква личност  сте вие, како и за тоа што можете да направите, кои се вашите способности… Дали сте точни, совесни, или мотивирани, дали сте подготвени за предизвик.  За се она што ќе го напишете, запрашајте се: “Што кажува ова за мене?”

7. Бидете точни

Секогаш проверувајте дали имате некои грешки. Проверете дали е граматички и правописно напишано и побарајте некој друг да го прочита . Прочитајте го на глас на вашето куче. Работодавецот нема да верува дека сте добар комуникатор, ако вашето CV е полно со грешки.

8. Адаптирајте го

Не мора да го користите истото CV секое време. Вие може да имате две или три верзии, секоја за различен вид на работа. Или може да го прилагодите своето CV да одговара на работа која што ја барате.

9. Испратете мотивациско писмо

Се доколку вработувачот  ви каже да не испраќате, вие секогаш праќајте мотивациско писмо. Овде би требало да се нагласат две или три области на искуството од вашето CV, кои се најпогодни за огласената работа. Секогаш е подобро кога со CV заедно ке пратите и мотивациско писмо.

10. Да биде вистинито

Иако сакате да се претставите во најдобро светло сепак не одете премногу далеку со дотерување на  вистината. Тоа може лесно да ви се врати со негативен ефект.

Извор: http://www.bradleycvs.co.uk


13
Mar 10

10 фев – 13 март

Помина само еден месец одкако сајтот е online па би сакале да направиме една сумаризација на тоа што се се случуваше.

Најпрвин мора да кажеме дека сме презадоволни од посетеноста и користењето на сервисот, бидејки очекувавме тежок почеток, но благодарение најмногу на рекламата на Facebook, веста за новиот вебсајт бргу се прошири, дури до тоа да списанието Click и порталот It.com.mk напишат статии за нас. Од останати промоции, поставивме банер на блогот komunikacii.net а за понатаму имаме во план уште неколку реклами.

До денешен датум се направени околу 200 CV-ја, од кои реално околу половина се активни, односно целосно потполнети.

За во иднина најавуваме бришење на неактивните профили со претходно предупредување, потоа награди за најдобро составените CV-ја и нивна промоција пред фирми, како и многу корисни совети за изработка на CV.

Деталната листа на настани за изминатиот месец изгледа вака:

10 фев – Официјално сајтот е пуштен, после неколку тест верзии. Воедно е поставена и реклама на Facebook.

15 фев – Списанието Click напиша статија за нашиот сервис.

27 фев – Редизајн на логото.

6 март – Направивме блог, и го поставивме првиот пост ( Што е Curriculum vitae (CV) )

9 март – Поставивме банер на http://komunikacii.net

11 март- It.com.mk напишаа статија за нашиот сервис ( Направи си свое резиме со Jas.mk )

13 март – Направени се околу 200 CV-ја


06
Mar 10

Што е Curriculum vitae (CV)

Curriculum vitae (преведено како животен тек) нуди преглед на животот и квалификациите на лицето. Од резимето се разликува затоа што е наменето за академска или медицинска кариера, и е поразбирливо. CV-то дава образложение за образованието во поголема мера отколку резимето. Резимето е специјално направено за работното место за кое се аплицира. Зависи од работата и од целта. Една од клучните карактеристики на резимето е концизноста.

Во Соединетите Американски Држави и Канада, во CV-то треба да има сеопфатна листа на професионална историја, вклучувајќи го секое вработување, академските квалификации, публикации, придонеси или значајни достигнувања. Кај одредени професии, може да се вклучат примероци од трудови и може да достигне голем број страници.

Во Европската Унија имаше обид да се создаде стандардизиран модел на CV познат како Еуропас (во 2004г. од страна на Европскиот Парламент и Европската Комисија) и промовиран од страна на ЕУ за да се олесни миграцијата на квалификувани работници помеѓу земјите-членки, иако тоа не е широко применето во сите контексти.

Стандардно британско CV може да ги вклучи следниве точки:[1]

  • Лични детали најгоре на страната, како што се име, напишано со задебелени букви, адреса, броеви за контакт и е-адреса, доколку лицето поседува. Слики не се потребни, доколку не се тоа не се побара. Модерните CV се пофлексибилни.
  • Личен профил, напишан или во прво или во трето лице, краток параграф за апликантот. Тоа треба да се базира на факти и не треба да содржи какви било лични мислења за квалитетите на оној кој го пишува, како на пример „ентузијаст“, или „силно мотивиран“ итн.
  • Само листа со наброени главни способности на апликантот или професионални карактеристики не е многу софистициран начин.
  • Хронолошка листа во обратен редослед на образовните квалификации на апликантот и работното искуство, вклучувајќи ја и моменталната позиција. CV-то треба да дава информации за целосната кариеа на апликантот. Делот кој се однесува на историјата на кариерата треба да ги опише достигнувањата наместо обврските. Почетокот на кариерата може да биде опишан во кратки црти, додека моменталната работа треба да биде илустрирана со концепти, планови, достигнувања, задачи.
  • Хронолошката листа во обратен редослед на образование и обука на апликантот, вклучувајќи листа на неговите/нејзините квалификации, односно академски и професионални квалификации.
  • Ако апликантот неодамна го завршил образованието, работното искуство и образованието се во обратен редослед. Датум на раѓање, пол, поседување на возачка дозвола, се стандардни работи, но не и задолжителни и не треба да трошите простор за ситници. Работодавачот кој беспотребно бара датум на раѓање или пол, може да се судри со новата антидискриминаторска легислатива.
  • Хоби и интереси на апликантот (опционално)

Задолжително е да биде искуцано или компјутерски обработено, а не рачно напишано. Има неколку гафови поврзани со CV:

  • CV-то е подолго од две страници А-4 формат. (Ова правило не важи за академски позиции, кадешто CV-то најчесто вклучува целосна листа на публикации. CV-то за работни места за истражување и академска администрација може да има каква било должина.)
  • Пишување негативни работи за други лица или бизниси.
  • Ако се аплицира за одредена позиција, без да се напише писмо се кое ќе се објасни зошто Вие сте соодветни за таа позиција.
  • Наведување на вештини кои не ги поседувате.

Како и кај резимето, и кај CV-то постојат одредени трендови, како на пример:

  • Во земји од германско говорно подрачје, сликата беше задолжителен дел од CV-то подолг период.
  • На огромниот индиски пазар на трудот, слики и добар изглед се голема предност во услужната индустрија
  • Фотографија од апликантот не се препорачува во С.А.Д. затоа што тоа сугерира дека работодавачот може да врши дискриминација врз база на изгледот – возраст, раса, пол, привлечност, и сл. Театарската и модната индустрија се исклучоци и таму треба резимето да вклучува фотографии;
  • Кога се наведуваат неакадемски вработувања во С.А.Д., најновите податоци се секогаш на прво место (обратно хронолошки).
  • Употреба на „објективна изјава“ на почетокот на документот (како на пр. „Се бара пошетна позиција во продавници“) се препорачуваше во С.А.Д. во средните 90ти, но беа исфрлени во доцните 90ти. Но, со напливот на резимеа дистрибуирани преку интернет во доцните 90ти, „објективен“ и/или изјава со „преглед на способности“ стана се почеста појава за да им помогнат на работодавачите да определат дали кандидатот е соодветен. На други места ова не е толку често.
  • Профилната изјава се воведе од страна на агенциите за работа во доцните 80ти. Многу кандидати денес го започнуваат своето ЦВ со таква изјава. Тоа може да биде мал параграф или наведување под точки најдобрите способности и искуства на кандидатот.
  • Листа со компјутерски способности (како што е високо ниво на познавање на софтвер за документи) беше новост во 80тите, но стана стандардно за професионални позиции во 90тите.
  • Во 80тите и раните 90ти во С.А.Д. беше тренд да не се дозволува резимето да биде подолго од една страна. Во доцните 90ти ова ограничување се занемари и се зачестија резимеа од две до три страни.

Извор: www.wikipedia.org